ИЗЈАВА
ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што ДПТУ ЕЛ КАБРОН ДОО (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
– да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
– за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
– да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видеонадзор се инсталираат на ул. Франклин Рузвелт 63А, Скопје и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање).
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: да се даде детален опис (на пример: влезните и излезните места на зградата, влезните места во зградата, гаража и надворешна површина на зградата…)
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Предраг Поповиќ е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или од ангажираната Агенција за приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на ДПТУ ЕЛ КАБРОН ДОО.
Може да испратите барање на ДПТУ ЕЛ КАБРОН ДОО (на пример: е-пошта на info(at)elcabronbar.com, адреса ул. Франклин Рузвелт 63А, Скопје).
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до ДПТУ ЕЛ КАБРОН ДОО, или преку е-пошта до: info(at)elcabronbar.com.
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на ДПТУ ЕЛ КАБРОН ДОО (на пример: е-пошта на info(at)elcabronbar.com, адреса ул Франклин Рузвелт 63А, Скопје.), кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на info(at)elcabronbar.com (на пример: е-пошта на info(at)elcabronbar.com, адреса Франклин Рузвелт бр. 63А, Скопје.), кога обработката е незаконска.
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на ДПТУ ЕЛ КАБРОН ДОО (на пример: е-пошта на info(at)elcabronbar.com, адреса ул. Франклин Рузвелт 63А Скопје.), кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до info(at)elcabronbar.com и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на info(at)elcabronbar.com.
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.